Дома Топ вести Потврди новинарот на „BBC”: Еве кога Обамејанг ќе ги помине прегледите

Потврди новинарот на „BBC”: Еве кога Обамејанг ќе ги помине прегледите

Трансфер сагата со Пјер-Емерик Обамејанг се приведува кон својот крај и истата ќе биде завршена во последниот ден од зимскиот преоден рок, односно утро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Обамејанг денес пристигна во Лондон во тренинг центарот на Арсенал, но медицинските прегледи се закажани за утре наутро, пренесува новинарот на на „BBC“, Дејвид Орестеин.

Од друга страна пак се уште не е јасно што ќе се случи со Мичу Батшуаи и Оливие Жиру. Имено, се очекуваше Батшуаи да премине во редовите на Дортмунд како позајмен фудбалер додека во редовите на Челси за 20 милиони фунти да пристигне Оливие Жиру.

Сепак, „сините“ се обидуваат да ја намалат цената, не се исклучува можноста и Французинот да биде испратен во Дортмунд, иако не е јасно дали тој би се согласил на оваа опција.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…