Дома Фудбал Михтаријан го пофали Венгер и го „пецна“ Мурињо: Дојдов да играм напаѓачки фудбал

Михтаријан го пофали Венгер и го „пецна“ Мурињо: Дојдов да играм напаѓачки фудбал

Оваа изјава не ма да им се допадне на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Вистина е дека не се прашуваше многу, туку беше принуден на преселба после пристигнувањето на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед. Но, Михтаријан барем дочека прилика да го „боцне“ Жозе Мурињо изјавувајќи дека со пристигнувањето во Арсенал конечно ќе заигра напаѓачки фудбал.

Напаѓачки секако не значи и подобар. Манчестер Јунајтед оваа сезона постигна четири повеќе од Арсенал во Премиер лигата, но Мурињо никако не може да се ослободи од критиките кои го следат, а тоа се дека форсира дефанзивен фудбал уште од кога со Интер стигна до титулата во Лигата на шампионите, а познато е дека таквите обвинувања не му се допаѓаат на Португалецот.

„Секако дека е важно да имате почит кон тренерот. Венгер е една од причините поради кои дојдов во Арсенал, сите знаат дека е фантастичен тренер. Стилот на игра на Венгер е стил кој го сака секој фудбалер, сите доаѓаат тука да играат напаѓачки, па така и јас“, изјави Михтаријан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси веќе се договорил со Скот? Целта е потпис уште на 1 јануари

Според Сајмон Филипс, Челси има усна согласност со Алекс Скот за личните услови, но за јан…