Дома Останати Кошарка НБА Трансфер „бомба“ во НБА: Блејк Грифин се пресели во Детроит

Трансфер „бомба“ во НБА: Блејк Грифин се пресели во Детроит

Трансфер бомба ја потресе НБА малку повеќе од една недела пред затворањето на трансфер прозорецот, откако Блејк Грифин го напушти ЛА Клиперс и се пресели во Детроит.

Во замена, тимот од Калифорнија ќе ги добијат Тобајас Харис, Ејвори Бредли, Бобан Марјановиќ и избори од првиот и вториот круг на драфтот. „Пистонс“ ќе ги земат уште резервите Брајс Џонсон и Вили Рид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Блејк Грифин имаше огромно влијание врз нашата организација, а неговото наследство секогаш ќе биде тука. Промената е тешка, но јас и раководството го правиме тоа во потрага за постигнување на нашата голема цел, а тоа е титулата“, рече сопственикот на Клиперс, Стив Болмер.

Најважно за Клиперси е ослободувањето на средства во селари-капот, откако Грифин минатата сезона потпиша нов петгодишен договор за вкупна вредност од 173 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Проблем за Далас, се повреди Дончиќ

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објавија та…