Денес беше објавена ждрепката за осминафиналните средби во рамки на најстарото натпреварување на светот – ФА Купот.
Поголемиот дел од натпреварите од четвртата рунда се комплетирани, остануваат само реванш натпреварите, поради нерешениот исход во првиот меч и тоа помеѓу екипите на Нотс Каунти и Свонси, Хадершфилд и Бирмингем, Милво и Рокдеј, како и Њупорт и Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Паровите во петтата фаза сега се извлечени, а најинтересно ќе биде на мечот помеѓу ВБА и Саутемптон, кои во претходната фаза исто така ги одмерија силите со екипи од Премиер лигата.
ВБА го изненади Ливерпул, додека Саутемптон со гол во четвртата минута од мечот го реши дуелот со Вотфорд.
Челзи на „Стемфорд Бриџ“ ќе ја пречекаат екипата на Хал, Јунајтед го чека подобриот од мечот помеѓу Хадешфилд и Бирмингем, па и тука постои можност да се сретнат два тима од ПЛ, додека Манчестер Сити ќе гостува кај Виган.
Сите двојки погледнете ги во продолжение
The #FACup 5th Round draw:
Sheffield Wednesday v Notts County / Swansea
West Brom v Southampton
Chelsea v Hull City
Leicester v Sheffield United
Huddersfield / Birmingham v Man Utd
Millwall / Rochdale v Newport / Spurs
Brighton v Coventry
Wigan v Man City pic.twitter.com/XO4gDiQ0nr— Premier League (@premierleague) January 29, 2018