Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардаровите генерации заминуваат во историјата: Ракометарките на ЖРК да си го бараат чарето

Вардаровите генерации заминуваат во историјата: Ракометарките на ЖРК да си го бараат чарето

Според информациите кои ги пласираше екипа.мк, ЖРК Вардар ќе замине во историјата, со оглед на тоа дека од раководството им било кажано на ракометарките да си бараат нови средини.

Имено, ова потекнува од стратегијата тимот во иднина да продолжи да работи само со млади генерации на женски ракометарки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што е познато е дека доста од ракометарките веќе имаат најава за свое заминување меѓу кои Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Јованка Радичевиќ, како и Французинката Лакрабер која е познато дека заминува од следната сезона во редовите на Флери.

Меѓудругото свое повлекување од професионалниот ракомет неодамна најави Андреа Пенезиќ, а во план да ја промени средината е и француската голманка, Амандин Лејно.

Но, она што исто така може да се забележи е дека доста имиња ќе го напуштат и машкиот ракометен состав, кој изминатата сезона се закити со еврппскиот трофеј во ЛШ.

Па оттаму прашањето е, дали сопственикот Сергеј Самсоненко кој се предомисли и одлучи да остане за „љубов кон клубот и навивачите“ во вардаровите екипи, одлучи да ја истера својата првична одлука по пат кој нема да се почувствува?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…