Дома Топ вести Официјално: Манчестер Сити го собори трансферниот рекорд!

Официјално: Манчестер Сити го собори трансферниот рекорд!

Манчестер Сити официјално го собори клупскиот трансфер рекорд со привлекувањето на дефанзивецот од Атлетик Билбао, Емерик Лапорте.

„Граѓаните“ ја активираа откупната клаузула за Французинот, која изнесуваше 57 милиони фунти (65 милиони евра), па со тоа Лапорте стана најскапата аквизиција во историјата на Манчестер Сити, два милиони евра поскап од Де Брујн.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Лапорте во исто време стана и вториот најскап дефанзивец на сите времиња, веднаш после Вирџил ван Дијк кој се пресели во Ливерпул за сума од 75 милиони фунти.

Информацијата беше потврдена од официјалниот сајт на Атлетик Билбао, кој му посака се најдобро на 23-годишниот дефанзивец во новиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…