Дома Фудбал Италија Видео: Наполи не го дава врвот, дебакл на Фиорентина

Видео: Наполи не го дава врвот, дебакл на Фиорентина

Наполи експресно одговори на победата на Јувентус и се врати на врвот, Фиорентина доживеа дебакл во Фиренца, Пандев и дружината поразени од Удинезе.

Наполи денес ја пречека Болоња и беше шокиран уште во првата минута кога Паласио ги доведе гостите во водство.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Сепак, домаќините се ослободија од првичниот шок и до полувремето направија комплетен пресврт со автоголот на Мбаје и Дрис Мертенс. Белгиецот погод и и во второто полувреме за конечни 3:1.

Фиорентина доживеа дебакл на домашен терен и загуби од последно пласираната Верона со 1:4. Херој за гостите беше младиот Кен кој постигна два гола.

Торино со убедливи 3:0 го победи Беневенто, Џенова беше поразена на свој терен од Удинезе (0:1), а Кротоне и Каљари одиграа без победник 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона не планира да доведе замена за Гави

Порано оваа недела Барселона потврди дека Гави ќе биде надвор од терените во следните 4-5 …