Дома Фудбал Англија Конте е веќе бивши, Абрамович го избра новиот тренер

Конте е веќе бивши, Абрамович го избра новиот тренер

Антонио Конте најверојатно на крајот од сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, а англиските медиуми веќе го открија и името на новиот тренер.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович веќе го избрал неговиот наследник, а тоа е Луис Енрике.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Бившиот тренер на Барселона е без ангажман откако замина од „Камп Ноу“, а наводно раководството на „сините“ веќе ги направило првите контакти со неговиот менаџер.

Абрамович е лут на Конте што јавно ја критикува транафер политиката на клубот, па решил да го смени на крајот на сезоната.

Од друга страна Италијанецот не е среќен на Островот и сака да се врати на Апенините, но силен интерес за него покажува и Пари Сент Жермен.

Кандидати за столчето на „Стенфорд Бриџ“ се уште Диего Симеоне и Макс Алегри, но Луис Енрике е фаворит и најголема желба на „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марота доби „зелено светло“ и тргна во напад: Интер ќе биде на „шпански погон“

Интер со сета сила тргна кон Сеск Фабрегас, а и Шпанецот е заинтересиран да се пресели на …