Дома Фудбал Нови ЛОШИ вести за Реал Мадрид

Нови ЛОШИ вести за Реал Мадрид

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос нема да биде во комбинација за саботниот натпревар на „кралскиот клуб“ против Валенсија.

Имено, капитенот на Мадриѓаните лигашкиот натпревар ќе го пропушти поради повреда на листот на левата нога. Се уште не е познато колку Рамос ќе биде надвор од терените, но јасно е дека многу ќе им фали на Мадриѓаните на „Местала“.

Реал во моментов се наоѓа на четвртата позиција со 35 бода и одамна се помирија со тоа што оваа година не можат да дојдат до титулата во шпанското првенство, бидејќи уште од сега имаат 19 бода помалку од првата Барселона, која оваа година доминира во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…