Дома Фудбал Диего Симеоне суспендиран на три натпревари

Диего Симеоне суспендиран на три натпревари

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне заработи три натпревари суспензија поради исклучувањето во натпреварот против Севиља во шпанскиот куп.

Атлетико  загуби од Севиља со вкупен резултат 5:2 и беше елиминиран четвртфиналето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Аргентинецот во реваншот кој беше одигран во вторникот, заработи црвен картон во 82 минута.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија наведе дека Симеоне е казнет со еден натпревар поради исклучувањето, а со уште две поради кршењето на членот 117 кој се однесува на непочитувањето на судијата.

Оваа суспензија на Симеоне се однесува само за натпреварите од шпанскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

НОВА АФЕРА ВО ИТАЛИЈА: На почетокот на сезоната побара дрес од Модриќ, а сега се бори со мрачната страна на коцкањето

Џузепе Сибили, играчот од средниот ред на Бари, е суспендиран на 16 месеци и казнет со 20.…