Иако се шпекулираше дека на терените ќе се врати кон крајот на јануари, Санти Казорла (33) ја исклучи можноста за брзо враќање на терените.
Долгогодишниот фудбалер од средината и шпански репрезентативец се повреди на 19 октомври 2016 година против Лудогрец во натпреварот од Лигата на шампионите. После повредите беше подлегнат на рутинска операција, но работите изгледа се искомплицираа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што беше објавено неодамна, докторите поради инфекцијата сериозно размислувале да му ја ампутираат ногата.
„Често пати се прашувам дали вреди да ја продолжам борбата за враќање во фудбалот. Постојат периоди кога помислувам да се предадам, но се надевам дека ќе се вратам на нивото на кое бев пред повредата“, изјави Казорла за шпанската телевизија „RTVE“.
Иначе Казорла од октомври 2016 година Ахиловата тетива ја оперираше дури десет пати.
Santi Cazorla has promised to return to football when he's recovered from his TENTH operation since playing his last game 15 months ago.
"I don't know whether I'll have forgotten how to play!" he said.
Even if he forgets how to play, he'd still be better than most. Baller ? pic.twitter.com/3ptuwVBMBh
— UNILAD Football (@UNILADFooty) January 25, 2018