Mладиот тинејџер од Јужна Кореја после најголемиот подвиг во кариерата призна дека го победил Ѓоковиќ со „неговото оружје“.
Хејон Чунг направи голема сензација на Австралија Опен, откако после победата над Зверев кој е четврти тенисер во светот, го елиминираше и Новак Ѓоковиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Победив но навистина не знам како! Навистина не знам на кој начин. Чест ми е што воопшто играв со Новак, а многу сум задоволен што на крајот успеав и да победам“, изјави Чунг после големата победа.
Чунг потоа додаде и дека играл со „оружјето“ на Ѓоковиќ.
„Многумина ми кажуваат дека сум копија на Новак. Навистина на почетокот се обидував да го копирам бидејќи тој е еден од моите тениски идоли“, додаде тенисерот од Јужна Кореја.