Поранешниот сопственик и легендарен претседател на Милан, Силвио Берлускони призна дека повеќе не ги гледа натпреварите на својот омилен тим.
Берлускони минатата година го продаде Милан и од тогаш во повеќе наврати ги критикуваше „росонерите“ поради лошата игра, а сега отиде и чекор подалеку и истакна дека повеќе не ги гледа натпреварите.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не го гледам Милан повеќе бидејќи игра против моите фудбалски принципи со кои јас станав најуспешниот претседател во историјата на клубот“, истакна Берлускони.
„Во Милан не ги следат моите упатстава и затоа сега е таму каде што е. Сепак сметам дека клубот е во вистински раце и верувам во новиот сопственик“, додаде потанешниот претседател.
Берлускони 30 години беше на чело на Милан и клубот под негово водство го имаше најтрофејниот период во својата историја во кој освои 29 титули.