Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето на првиот „Гренд Слем“ во сезоната.
Србинот беше поразен од Кореецот Чунг и тоа во три сета, но во текот на мечот можеше да се забележи дека лактот му прави проблеми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Посебно тоа беше забележително во првиот сет кога со болна гримаса на лицето неколку пати ја „тресеше“ раката, а во текот на паузата помеѓу првиот и вториот сет направена му беше масажа на болниот дел.
„Лактот не е добар, на крајот на првиот сет започнав да чуствувам силни болки. Морав да се изборам со тоа до крајот, но нивото на болката не беше такво за да морам да го предадам натпреварот. Навистина е фрустрирачки кога имате толку многу време за опоравување, а болките и понатаму се тука. Морам повторно да направам детални прегледи“, изјави Ѓоковиќ по мечот.