Дома Останати Ракомет Борко брани, но не функционира нападот, Шпанија убедлива на полувремето

Борко брани, но не функционира нападот, Шпанија убедлива на полувремето

Македонската репрезентација не игра на своето ниво во натпреварот против Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвената Фурија“ на стартот од средбата успеа да стигне и предност од 1:6, додека Македонија дури во 14 минута од натпреварот го постигна првиот гол од игра и тоа преку Дејан Манасков за 3:7, претходните два погодоци ги постигна капитенот, Лазаров со удари од седум метри. Кој во 11 минута се повреди, а на негово место влезе младиот Мартин Веловски.

Во овој период од натпревар за наша среќа го имавме одличниот Борко Ристовски кој запиша четири интервенции во првите 15 минути.

Вo следните минути Ристовски продолжи со одличните одбрани, но за жал не функционираше нападот, па и покрај одбраните на нашиот прв голман Шпанија повторно стигна до шест погодоци предност, 11:5 на седум минути до крајот на полувремето.

До крајот на полувремето Шпанија само ја зголемуваше предноста, па на полувреме се заминавме со негатива од 15:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер

Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор…