Ернесто Валверде се уште не сака да го стави Мина под притисок додека не одработи неколку тренинзи, а добра вест за Каталонците е тоа што Кутињо конечно се приклучи на остатокот на екипата.
Бразилецот во Барселона пристигна со лесна повреда поради која не тренираше со остатокот на екипата. Меѓутоа, Кутињо конечно се придружи на тренинзите на својот нов клуб, а изгледа дека Меси и друштвото го дочекаа со раширени раце на синоќешниот тренинг.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Кутињо и Мина би можеле да дебитираат во реваншот во Купот на Кралевите против Еспањол кој се игра во четврток.