Дома Фудбал Останато Oд Лион пред дербито: Набил е нашиот Нејмар, тука е и Траоре

Oд Лион пред дербито: Набил е нашиот Нејмар, тука е и Траоре

Утрешниот ден ни го носи и француското дерби помеѓу Лион и ПСЖ.

Пред овој натпреварот од таборот на Лион испраќаат „отровни стрели“ кон најдобриот фудбалер на „светците“, Бразилецот Нејмар.

Прво еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, Набил Фекир истакна дека го почитува Нејмар, но не го смета за „посебен“. По Фекир провокации до Бразилецот испрати и претседателот на Лион.

„Добро знам каков фудбалер е Нејмар. Ние го имаме Набил, тој е нашиот Нејмар, покрај него тука е и Траоре кој со својот дриблинг знае да потсети на Нејмар“, изјави Жан Мишел Ола.

Натпреварот помеѓу Лион и ПСЖ се игра во недела со почеток во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов клуб на Хамес Родригез: „Најголемиот кај најголемите. Тоа беше неизбежно“

ХАМЕС РОДРИГЕЗ, капитенот на колумбиската репрезентација и поранешниот играч на Реал Мадри…