Дома Фудбал Англија Солзи и тага: Михтаријан се збогува со своите соиграчи од Јунајтед

Солзи и тага: Михтаријан се збогува со своите соиграчи од Јунајтед

Клучниот човек се чини за реализација на трансферот на Алексис Санчез од Арсенал во Манчестер Јунајтед е Ерменецот, Хенрик Михтаријан.

За официјализација на овој трансфер, се чекаат само моменти, а од Островот пристигнуваат информации како Ерменецот ја доживува ваквата ситуација.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, Михтаријан не е толку задоволен од својот трансфер, иако го прифати барањето на Мурињо, па потешко од очекуваното се збогува со своите соиграчи.

Како што се наведува, тој плачел додека го напуштал тренинг центарот на Јунајтед.

„Имаше навистина многу солзи. Хенрик беше многу популарен меѓу своите соиграчи во Јунајтед и му беше навистина тешко да ја прифати оваа ситуација“, истакна близок извор од стручниот штаб на Мурињо за угледниот „Дејл Меил“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Суперкомпјутерот по 100.000 симулации го откри фаворитот за СП 2026

Во пресрет на ждрепката за Светското првенство 2026, платформата Football Meets Data објав…