Дома Фудбал Англија Раиола го шокира Арсенал: Михтаријан бара АСТРОНОМСКА плата

Раиола го шокира Арсенал: Михтаријан бара АСТРОНОМСКА плата

Агентот на Хенрих Михтарија, Мино Раиола денес го шокира раководството на Арсенал со платата која ја побара за неговиот клиент, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, контроверзниот менаџер бара неговиот клиент да ја добива истата плата како таа на Алексис Санчез на „Емирати“, со што Михтаријан би бил најплатен фудбалер на Арсенал.

Веќе е јасно дека Венгер силно посакува Ерменецот да биде дел од трансферот на Алксис Санчез на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, целиот трансфер го кочи Мино Раиола кој бара Михтарјан да добива плата каква што „топџиите“ му понудија на Санчез, односно 300.000 фунти неделно.

Санчез веќе има постигнато договор со „црвените ѓаволи“, па сега останува уште Михтаријан да постигне договор со Арсенал.

Англиските медиуми се оптимисти дека трансферот ќе се реализира утре или најдоцна до петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан се соочува со Челси во битка за дефанзивецот на Барселона

Италијанскиот гигант Милан е подготвен да направи чекор напред во желбата да го привлече д…