Во ракометниот свет и понатаму главна теме е завршницата од натпреварот во „Арената Загреб“ помеѓу Словенија и Германија (25:25).
Словенците денес дури и испратија закана дека би можеле да го напуштат Европското првенството, а се споменува и жалба до Спортскиот арбитражен суд. Во последните секунди од натпреварот при водство на Словенија 25:24. Германија доби пенал бидејќи при изведувањето брз центар еден од словенските ракометари беше во кругот и му пречеше на изведувачот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ракометот го водат дебили! Направија циркус од овој спорт, па зошто не би направил и јас?“, беснееше словенскиот селектор, Веселин Вујовиќ кој пред пеналот на Германците направи шоу и застана на голот со цел да го брани спорно досудениот пенал.
Check all what was going on in the dying moments of the Group C game between Slovenia and Germany!
??♂️ @DHB_Teams @rzs_si #ehfeuro2018 #hypnoticgame pic.twitter.com/dZf5ybId1j— EHF EURO (@EHFEURO) January 15, 2018
Јуре Доленец, еден од најдобрите словенски ракометари смета дека судиите немале ист критериум. Имено, само неколку секунди пред спорниот детал Словенија изведуваше брз центар, а еден германски ракометар се наоѓаше во кругот на центарот.
„Не забележаа кој уште беше во кругот??? Да, тие ги прегледуваа само последните десет секунди“, коментираше Доленец на Инстаграм.