Она што се најавуваше сега е и официјално.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е нов селектор на репрезентацијата на Велс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гигс на селекторската позиција на Велс ќе го наследи Крис Колмен, а во трката успеа да ги победи Крег Белами и Осијан Робертс кој му беше асистент на Колмен.
Ова ќе биде прва самостојна работа за Гигс бидејќи кон крајот на сезоната во 2013/2014 година после смената на Дејвид Мојс беше тренер-играч на Јунајтед на четири натпревари, а потоа му беше асистент на Луис Ван Гал.
Гигс целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед за кого настапуваше 14 сезони и освои 34 трофеи.
DONE DEAL: Ryan Giggs has been appointed as the new Wales Manager. pic.twitter.com/3f1horAALu
— Transfer Related (@TransferRelated) January 15, 2018