Дома Фудбал Рајан Гигс нов селектор на Велс!?

Рајан Гигс нов селектор на Велс!?

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс утре ќе биде назначен за нов селектор на Велс, јавува Скај Спорт.

Фудбалскиот сојуз на Велс утре ќе го објави името на новиот селектор, а во игра меѓу останатите е и поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Крег Белами и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува Скај Спорт, на крај изборот паднал на Гигс кој утре би требало да биде официјално представен, а ќе потпиша договор на четири години.

Да потсетиме, кога е во прашање тренерското искуство, Гигс го водеше Манчестер Јунајтед откако Дејвид Мојс доби отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убава приказна од Италија: Фабрегас со Комо пред промоција во Серија А!

Eдна убава приказна која ја води славниот Сеск Фабрегас може да биде испишана во вториот р…