Во рамки на 23. коло во Премиер лигата, попладнево Челзи и Лестер на „Стемфорд Бриџ“ одиграа без погодоци.
Што се однесува до Кристал Палас, на домашен терен славеше со минимални 1:0 против екипата на Барнли, а стрелец на единствениот погодок на мечот беше Сако во 21. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вест Хем оствари триумф кај Хадерфилд на гости со 1:4. Резултатот го отвори Нобл во 25. минута, а во 40. минута, Лоли израмни на 1:1 пред паузата. Во продолжението за само 15 минути, Вест Хем направи сериозна доминација, па така, Арнаутовиќ најпрво во 46. минута зголеми на 2:1, а на два пати потоа во 56. и 61. минута Ланцини ги постави конечните 1:4.
Њукасл и Свонси ремизираа 1:1. Ајев им донесе водство на гостите во 60. минута, а Јоселу во 68. минута израмни на 1:1.
Ремизираа и екипите на Вотфорд и Саутемптон. Вард Проус во 20. минута му донесе водство на Саутемптон, а потоа и го зголеми водството пред полувремето со погодок во 44. минута. Греј во продолжението, во 58. минута ја намали негативата, а конечниот резултат го постави Докур во 90. минута.
ВБА пак, во последниот меч од 16:00 часот, славеше над Брингтон со 2:0.