Македонската ракометна репрезентација во полн состав ќе се соочи со Словенија. Селекторот Раул Гонзалез вчера работеше во подготовка на денешниот дуел и го скари списокот на 16 имиња.
„Секако дека првиот натпревар е најважен. Посакуваме победа за да можеме добро да почнеме на првенството. Ова што досега го работевме беше само пријателски натпревари и тренинзи, сега следува вистинското. Словенија е освојувач на медал на последниот светски шампионат (трето место). Посакувам само да одиграме добар натпревар”, изјави селекторот Гонзалез.