Барселона минатото лето панично бараше замена за Нејмар, а бидејќи не можеше тогаш да го купи Кутињо, за 105 милиони евра го купи 20-годишниот Осман Дембеле.
Французинот, кој стана најскапо засилување во историјата на славниот клуб, во Барселона беше дочекан со голема скепса. Притоа, на самиот старт му се случи несреќа, се повреди уште на својот втор натпревар за Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повредата не беше наивна бидејќи стануваше збор за руптура на бутниот мускул, па Дембеле мораше да биде опериран и да биде надвор од терените неколку месеци.
Кога конечно требаше да се врати на терените, Баселона го претстави Филипе Кутињо како ново рекордно засилување, па се чинеше дека Дембеле ќе биде само скапо платена резерва.
Синоќа на натпреварот против Селта влезе во игра во 59-та минута на местото на Меси, па само после 10 минути ги покажа своите квалитети и почна да ги „излудува“ навивачите на стадионот.
До крајот на натпреварот Дембеле покажа дека дефинитивно е играч за Барселона, и на негова асистенција Ракитиќ го постигна голот за 5:0.
Притоа, неговата статистика за само половина час поминати на теренот, доволно зборува за тоа каков спектакуларен натпревар одиграл.
Ousmane Dembélé vs Celta
32 minutes
1 assist
19 passes
84% pass accuracy
4 key passes
4/4 dribbles won
1 tackle won
5/6 duels won32 minutes! pic.twitter.com/rZoJNwQ5GC
— FootballTalentScout (@FTalentScout) January 11, 2018