Дома Фудбал Конте призна: Бевме заинтересирани за Ван Дијк

Конте призна: Бевме заинтересирани за Ван Дијк

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте призна дека бил заинтересиран за Вирџил Ван Дијк пред да премине од Саутемптон во Ливерпул.

Ливерпул го доведе Ван Дијк за сума од 85 милиони евра и со тоа го направи најскап дефанзивец на сите времиња, а Холанѓанецот веќе на дебито во градското дерби против Евертон го постигна победничкиот гол за 2:1.

„Сето тоа е фудбал, односно живот. Секако дека тој беше на наша мета долго време… Постојат многу фудбалери кои ги следиме, но не можеш сите да си ги дозволиш. Трансфер пазарот не е едноставен. Ливерпул ја засили одбраната, Ван Дијк е фантастичен. Истовремено тие го продадоа Кутињо, па поради тоа имаат пари да инвестираат“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…