Јаја Туре после неколку месеци се врати во стартниот состав на „граѓаните“ и со два гола му донесе важна победа на својот тим на гостувањето кај Кристал Палас.
Јаја Туре беше во немилост на Гвардиола и не можеше да игра додека јавно не се извини, а после натпреварот истакна дека знаел дека еден ден ќе му биде потребен на каталонскиот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бев подготвен психички. Знаев дека еден ден ќе му бидам потребен на Пеп Гвардиола. Прекрасно е што се вратив во игра. Мојот тим, Манчестер Сити, е најважното за мене“, изјави Туре.
„Гвардиола секогаш се однесувал добро со мене. Јас ја чувствував поддршката. Сакам да сум тука, професионалец сум и сакам да играм“, додаде Туре.