Шпанските медиуми денеска јавуваат дека Реал Мадрид се договориле со Интер, според кој Икарди ќе го засили Кралскиот клуб во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Diario Gol објави вест која ги шокираше Апенините, но и навивачите на Реал Мадрид. Овој шпански весник тврди дека Мауро Икарди денеска допатувал во Мадрид и дека во текот на денот ќе направи медицински прегледи во Реал.
Икарди во договорот со Интер има откупна клазула од 110. милиони евра, а наводно Кралевите одлучиле да ја активираат. Изворот пренесува дека Икарди утре би требало да го потпише договорот со Реал по што ќе биде и официјално представен.
Аргентинскиот напаѓач во досегашниот дел од сезоната во Интер одигра 22 натпревари во сите натпреварувања и постигна 18 погодоци.