Реал Мадрид одигра само 2:2 на гостувањето против Селта, па сега заостанува огромни 16 бода зад лидерот Барселона.
После натпреварот во собелкувалната на кралевите се спушти и претседателот Флорентино Перез за да им даде поддршка на фудбалерите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Разговаравме како обично. Сите сме нервозни и лути поради резултатот. Првото полувреме беше добро, а поради второто мораме да бидеме лути. Денеска не можеме да бидеме среќни, но утре е веќе нов ден. Утре се враќаме на тренинзите и на тоа што ни е работа. Повеќе нема да зборувам за титулата во Ла Лига. Од сега, ќе работиме ден за ден, натпревар за натпревар“, истакна Зидан.
„Проблемот е во нашата самодоверба, како да се нема верба во квалитетите што овој тим ги поседува. Треба да направиме длабока анализа пред да продолжиме понатака“, додаде Зизу.