Дома Останати Уште еден трофеј за Федерер: Швајцарија го освои Хопман купот!

Уште еден трофеј за Федерер: Швајцарија го освои Хопман купот!

Селекцијата на Швајцарија е победник на годинашното издание на тенискиот Хопман куп што се играше во Перт.

Роџер Федерер со трофеј ја започна новата 2018 година, откако заедно со Белинда Бенчиќ во финалето ја совладаа Германија со 2-1 во победи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Швајцарската комбинација Федерер – Бенчиќ, без загубен меч го освоија пехарот наменет за најдобрата мешана двојка на ова натпреварување.

Федерер учествуваше во двете победи за својата селекција на Хопман купот. Најпрво го совлада Александар Зверев со 6:7, 6:0, 6:2, а потоа славеше и во двојки со Белинда Бенчиќ против германската комбинација Зверев/Кербер со 4:3, 4:2.

Единствениот триумф за Германија го забележа Анжелика Кербер против Бенчиќ (6:4, 6:1)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Еве што откажувањето на Алкараз од Ролан Гарос значи за Ѓоковиќ

Во кратки црти – и не премногу, освен што жрепката на Ролан Гарос ќе биде „полесна“ за еде…