Дома Фудбал Италија Спалети нервозен: И мајка ми знае дека ни треба стопер!

Спалети нервозен: И мајка ми знае дека ни треба стопер!

Тимот на Интер синоќа испушти победа во последните минути на гостувањето кај Фиорентина и одигра 1:1.

По мечот веднаш медиумите почнаа да зборуваат за тоа дека на „нероаѕурите“ им се потребни засилувања во одбраната, а тоа само додатно го изнервира тренерор Спалети.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Правевме почетнички грешки и сами си создававме проблеми. Во финишот од мечот нам ни фалеше тимски дух и волја за игра. Не знам што да кажам, но ова повеќе не можам да го поднесам“, изјави Спалети.

„Што не влезете вие во соблекувална и да прашате да ли се доволни добри? Јас ја работам својата работа, постојат потешкотии, очигледно е дека нии треба стопер. Дали очекувате награда дека сте успеале да ги изброите играчите во тимот? Дури и мајка ми која има 80 години знае дека ми треба стопер“, додаде искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…