Напаѓачот на Ливерпул и фудбалерот кој игра во неверојатна форма, египетскиот „меси“ како што многумина го нарекуваат е избран за најдобар фудбалер на Африка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секако, станува збор за неверојатниот Мохамед Салах. Салах во првата половина на минатата година ја помина во Рома, а втората во Ливерпул, со 17 постигнати погодоци во овој момент е втор стрелец во Премиер лигата, а токму тој е најзаслужниот што Египет ќе игра на Светското првенство Русија.
Второто место му припадна на актуелниот соиграч на Мане од Ливерпул, Садио Мане, додека третото место го освои добитникот на оваа награда од 2015 година, Габонецот, Пјер-Емерик Обамејанг.