Трите главни фаворити за шампионскиот трофеј во НБА лигата, остварија победи на натпревараите кои се одиграа ноќеска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шампионот Кливленд им се врати на победите, откако го совлада Детроит со 104-91. Кајри Ирвинг со 25 и Леброн Џејмс со 21 поен беа најистакнати поединци. Кевин Лав мечот го заврши со „дабл-дабл“ учинок од 12 поени и 13 скока. Кај Детроит, Џон Луер беше автор на 15 поени.
Тимот на Голден Стејт славеше победа на гостувањето кај Бостон со 88-104. Во победничкиот тим Клеј Томсон оствари 28 поени, додека Кевин Дурант беше стрелац на 23 коша, а имаше и 10 скокови, додека Стив Кари средбата ја заврши со 16 поени.
Екипата на Оклахома Сити предводена од Расел Весбрук кој оствари дабл-дабл учинок од 30 поени и 11 скокови славеше убедлива победа над Бруклин со 124-105.
Резултати: Шарлот – Аталанта 100-96, Индијана – Феникс 96-116, Кливленд – Детроит 104-91, Бостон – Голден стејт 88-104, Њу Орлеанс – Портланд 113-101, Оклахома – Бруклин 124-105, Далас – Мемфис 64-80, Денвер – Торонто 111-113, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 107-116, Сакраменто – ЛА Клиперс 115-121