Екипите на Тотенхем и Вест Хем одиграа реми 1:1 во рамки на Премиер лигата, но она што го задржа вниманието беше одличниот фудбал кој го одиграа и обете екипи на теренот.
Првиот дел заврши без погодоци, но затоа пак, вторите 45 минути донесоа возбудувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот погодок го постигна Обианг во 70.минута, кога упати силен удар кон противничкиот гол,топката го погоди аголот, па оттаму ова изгледаше маестрално.
Тотенхем на овој потег имаше соодветен одговор, во 84. минута Сон упати вистинска бомба и го постави конечниот резултатот на мечот.