Дома Останати Кошарка Видео: Кливленд не може без Леброн, Вестбрук за нова победа на Оклахома!

Видео: Кливленд не може без Леброн, Вестбрук за нова победа на Оклахома!

Синоќа беа прекинати победничките серии на Кливленд и ЛА Клиперс, а ноќта ја одбележа Расел Вестбрук со спектакуларно забивање на пет секунди до крајот на мечот против Хјустон обезбеди нова победа за Оклахома.

Кливленд со и без Леброн Џејмс е поинаков тим. Шампионот без својот најдобар играч загуби од Индијана 103:93. Во Индијанаполис само Кевин Лав (27 поени, 16 скокови) и Кајри Ирвинг (24 поени) беа на очекуваното ниво, додека потфрлија останатите во тимот на Кливленд. Остатокот од стартната петорка на шампионот збирно постигна девет поени.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Расел Вестбрук со забивање преку Клин Капела и ја обезбеди победата на Оклахома над Хјустон 105:103. Вестбрук мечот го заврши со 30 поени, седум скока и девет асистенции. Кај Хјустон лошо шутерско издание имаше Џејмс Харден кој постигна 13 поени, на кои надополни 13 асистенции.

Резултати:
Индијана – Кливленд 103:93
Орландо – Њу Орлеанс 89:82
Филаделфија – Вашингтон 109:102
Атланта – Милвоки 107:100
Бостон – Далас 90:83
Њујорк – Детроит 105:102
Оклахома – Хјустон 105:103
Торонто – Голден стејт 121:127
Денвер – Феникс 120:104
ЛА Клиперс – Мемфис 107:111
Сакраменто – Сан Антонио 105:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ѓоковиќ испрати порака пред Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се огласи пред почетокот на Вимблдон кој е еден од неговите омилени турнири.…