Арсенал одлично ја започна сезоната во Премиер лигата, па Венгер има намера додатно да го засили тимот во јануари за да може да се бори за титулата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанските медуми пренесуваат дека „топџиите“ покажуваат силен интерес за играчот за врска на Рома, Леандро Паредес и сакаат да го доведат во зимскиот преоден рок.
Паредес во екипата на Рома пристигна во 2015-та година од редовите на Бока Јуниорс, а минатата сезона беше на позајмица во Емполи, каде блесна и покажа дека може да биде еден од најдобрите плејмејкери во Европа.
Овој 22-годишен Аргентинец оваа сезона добива мала минутажа во Рома, пред се поради големата конкуреција, но неколку европски гиганти покажуваат интерес за неговиот потпис.
Најконкретен е Арсенал кој веќе спремил понуда од 15 милиони евра за зимскиот преоден рок, па останува да видиме дали Рома ќе се согласи да го продаде фудбалерот.