Дома Останати Серена, Федерер и Реал Мадрид најдобри за 2017 година!

Серена, Федерер и Реал Мадрид најдобри за 2017 година!

Aмериканската тенисерка и швајцарскиот тенисер се прогласени за најдобри спористи, а Реал Мадрид за клуб на годината.

Меѓународната унија на спортски новинари ги избра најдобрите спортисти и спортски колектив за годината која изминува. Дури 517 претставници на медиумите од 112 држави го дадоа својот глас.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На крајот за најдобри беа изгласани Серена Вилијамс и Рожер Федерер за спортисти на годината. Зад Американката останаа Катинка Хошу (пливање) и Алисон Феликс (атлетика). За Федерер ова е четврто вакво признание со што се изедначи со Јамајканецот, Усаин Болт. Второто место во машка конкуренција му припадна на Кристиано Роналдо, а третото на Лионел Меси.

За најдобар спортски колектив за 2017 година беше избран Реал Мадрид пред германската фудбалска репрезентација и Голден Стејт Вориорси од НБА лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тишина на Арената: Натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда започна со минута молк (Фото+Видео)

Вечерва во Скопје се игра натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Вардар кој е од хуманитарен к…