Напаѓачот на Рома Един Џеко во разговор за италијанските медиуми се потсети на заминувањето на легендарниот фудбалер и икона на Рома Франческо Тоти.
Во таа прилика истакна дека Тоти е најдобриот фудбалер кој некогаш „волчицата“ го имала.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Потребна ни беше победа за второ место и пласман во Лигата на шампионите. Примивме погодок после само 15 минути, но брзо изедначивме. Потоа поведовме со 2:1 и мислев дека победата е веќе наша, но примивме нов погодок. За среќа, Диего Пероти постигна погодок и ни овозможи на вистински начин да го испратиме Тоти“.
„Сите навивачи беа среќни поради победата, но и тажни бидејќи се поздравуваат со најдобрит фудбалер кој Рома некогаш го имала. Среќен сум што имав прилика да играм со него. Настапувавме заедно две години, но секој порадно или подоцна мора да ја заврши кариерата. Не сакам да размсилувам за тоа кога ќе ја завршам кариерата“, изјави Џеко.