Дома Фудбал Лева џабе ти се 53. гола, ова е најдобриот фудбалер на Баерн во 2017. година

Лева џабе ти се 53. гола, ова е најдобриот фудбалер на Баерн во 2017. година

Според гласовите на навивачите на Баерн, Џошуа Кимих е најдобриот фудбалер на споменатиот клуб во 2017. година.

Репрезентативецот на Германија со 35% од гласовите убедливо победи против најдобриот стрелец на тимот, Роберт Левандовски, кој освои 17%. На тој начин, на одличниот Лева не му беа доволни ниту одличните 53 гола на 55 натпревари во изминатава година, за да го добие признанието од навивачите на Баерн.

Причината за таквата одлука на приврзаниците на Баерн може да се најде во фактот дека Левановски често ја критикуваше работата на клубот, а неколку пати се шпекулираше и за негово заминување од „Алијанц Арена“.

Инаку, местото трет најдобар играч му припадна на голманот Свен Улрих, кој доби поддршка од 10%. Улрих оваа есен беше стандарден од вообичаеното, бидејќи на голот го менуваше повредениот Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…