Интересна ситуација имал Јирген Клоп пред натпреварот на неговиот тим против Свонси.
Имено, Германецот после победата од 5:0 призна дека Трент Александар-Арнолд бил во првите 11 бидејќи тоа го побарала мајката на фудбалерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Неговата мајка дојде во нашата канцеларија минатата недела и ни кажа дека доаѓа целото семејство од САД. Па ја прашав дали тоа е наредба тој да биде во првите 11, таа одговори да“, изјави Клоп.
Александар-Арнолд одговори на најдобар можен начин, со првиот погодокот во кариерата пред Клоп.
„Навистина сме среќни пред него. Ова е одлична приказна. За него првото полувреме не беше баш најдобро, како и за остатокот од тимот, но затоа второто полувреме беше одлично. Навистина напредува во последните недели и месеци, тоа е навистина важно за нас“, заклучи Клоп.