Дома Останати Ѓоковиќ прв полуфиналист во Лондон

Ѓоковиќ прв полуфиналист во Лондон

Новак Ѓоковиќ го победи Милош Раониќ и го обезбеди учеството во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон, додека Канаѓанецот за место меѓу најдобрите четворица ќе се бори со Доминик Тим кој славше над Гаел Монфилс.

Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ го одиграа најдолгиот меч во досегашниот тек на турнирот, а победата по два часа и 14 минути му припадна на Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер славеше во два тај брејка, откако во вториот сет два пати ја испушти предноста на брејк.

Во вториот меч дебитантот на завршниот Мастерс, Доминик Тим за 90 минути го победи Гаел Монфилс 6:3, 1:6, 6:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Сабаленка го гледаше Милан на „Сан Сиро“, а го покажа и накитот вреден 100.000 евра

Арина Сабаленка после поразот во финалето на US Open пристигна на Сан Сиро. Белоруската те…