Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, уште во првото коло го заврши својот прв настап во главната фаза на еден ВТА турнир.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓорческа, која како „Лаки лузер“ влезе во главата фаза на турнирот во Лимож, во два сета 6:1, 6:3 загуби од Белгијката Марина Жаневска, инаку 128-ма на ВТА листата.
ВТА турнирот во Лимож се игра за награден фонд од 125.000 долари.
Лина Ѓорческа наредната недела ќе учествува на ИТФ турнирот во шпанскиот град Валенсија.