Дома Фудбал Останато Пеле проговори за трансферот на Нејмар и избра еден од Роналдо и Меси!

Пеле проговори за трансферот на Нејмар и избра еден од Роналдо и Меси!

pele

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, легендарниот Бразилец Пеле зборуваше за трансферот на неговиот сонародник Нејмар од Барселона во ПСЖ.

Бразилскиот ас кој како што сам кажува постигнал 1.283 погодоци за 1.400 натпревари во кариерата смета дека неговиот сонародник Нејмар преминал во ПСЖ поради системот на Барселона кој се врти околу Лионел Меси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„За него добро е што ја промени средината, таму ќе може во целост да го покаже својот полн потенцијал. Во Барселона се се врти околу Лионел Меси, а сега Нејмар во ПСЖ има прилика да го докаже она што сака, дека е најдобар во светот. Го познавам добро, мојот син Едињо му беше тренер, а кога го напушташе Бразил неговиот татко се советуваше со мене за трансферот во Барса“, изјави Пеле.

На крајот новинарите го запрашаа кој според него е подобар, Меси или Кристиано Роналдо.

„Ги сакам и двајцата! Но, доколку веќе морам да бирам, бидејќи имаат различен стил, би го избрал Меси“, одговори Пеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…