Во Евертон пристигнува напаѓач, кој несакаше да ја заврши сезоната со својот клуб во ЛШ.
Иако со Бешикташ успеа како првопласирани да се пласираат во осминафиналето, Ченк Тосун не остана во клубот поради одличните лични услови кои му ги понуди Евертон.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Па така, Евертон го доби првото засилување во јануари, Ченк Тосун ги договори сите услови, договор падна и помеѓу Бешикташ и Евертон, па од 1. јануари кога ќе започне преодниот рок напаѓачот ќе премине во редовите на премиерлигашот.
Тосун има 26. години, игра одлично оваа сезона, а со Евертон ќе потпиша 4. годишен договор.
Со новиот договор Тосун ќе заработува 4 милиони евра по сезона. Наскоро ќе биде потврдено и официјално од страна на двата клуба.