Дома Топ вести „Дамата“ без милост: Го украде „мозокот“, сега го краде и „моторот“ на Рома

„Дамата“ без милост: Го украде „мозокот“, сега го краде и „моторот“ на Рома

Италијанските медиуми пренесоа бомбастична вест и тврдат дека Јувентус е спремен да го „украде“ еден од најважните фудбалери на Рома.

Имено, „старата дама“ пред две години ја активираше откупната клаузула на Миралем Пјаниќ, а сега е спремна истото да го направи и со Кевин Стротман.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Холанѓанецот е еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Италија, а тимот од Торино сака да го ангажира како замена за Сами Кедира и Клаудио Маркизио, кои се веќе на залезот од кариерата.

Поволна ситуација за „бјанконерите“ е фактот што Стротман во договорот има откупна клаузула од 45 милиони евра, која нема да претставува проблем за тимот од Торино.

Во 2016 година Јувентус истото го направи и со Миралем Пјаниќ, кој тогаш се пресели во Торино за сума од 32 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…