Дома Топ вести Венгер пронајде напаѓач – го купува италијанското откритие!

Венгер пронајде напаѓач – го купува италијанското откритие!

Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти е едно од најголемите откритија оваа сезона во Серија А и експертите се сигурни дека станува збор за идната ѕвезда на италијанскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белоти веќе постигна 8 гола оваа сезона за Торино и дебитираше за италијанската репрезентација каде на три натпревари постигна три гола.

Готово сите големи италијански клубови покажуваат интерес за 22-годишниот напаѓач, а најсериозен во намерата да го купи во јануари е Арсен Венгер.

Венгер веќе подолго време е во потрага по квалитетен напаѓач и во Белоти гледа идеално решение, па е спремен да понуди 35 милиони евра.

Останува да видиме како на оваа понуда ќе реагира раководството на Торино, но тешко е да се поверува дека ќе го пушти напаѓачот во јануари.

Сепак, следното лето Белоти ќе биде ѕвезда на преодниот рок и многу европски клубови ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…