Дома Фудбал Англија Гол до историја: Кејн на чекор да сруши НЕВЕРОЈАТЕН рекорд!

Гол до историја: Кејн на чекор да сруши НЕВЕРОЈАТЕН рекорд!

Натпреварот против Барнли потврди дека Хари Кејн влегува во својата препознатлива форма. Не само што постигна хет-трик, туку дојде до шанса да собори еден неверојатен рекорд.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Со вчерашните три гола Кејн дојде до бројката од 36 гола во Премиер лигата во оваа календарска година, колку што имаше Алан Ширер во 1995 година, што е рекорд во најсилната англиска лига.

Кејн призна дека размислувал за тоа и дека сака да го престигне рекордот на мечот со Саутемптон.

„Да, разговарав со неколку луѓе за тоа. Размисливав дека ако постигнам повеќе од еден гол против Барнли дека имам шанси против Саутемптон да го срушам рекордот. Но кога постигнав три, сакав да стигнам и да четврт гол“, признава Кејн.

Тотенхем на „Боксинг Деј“ ќе игра дома против Саутемптон, па тоа ќе биде шанса за Кејн да го сруши рекордот на Ширер за кој се веруваше дека тешко може да биде соборен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Джон Стоунс го напушта Манчестер Сити

Џон Стоунс ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, кога му истекува договорот,…