Дома Фудбал Форлан се враќа на теренот во дресот на тимот за кој сонуваше

Форлан се враќа на теренот во дресот на тимот за кој сонуваше

Легендата на уругвајскиот фудбал Диего Форлан е блиску до враќање на фудбалските терени.

Иако има 38. години, Форлан има голема желба да ја заврши кариерата во родната земја, а наводно е блиску до потпис на договор со омилениот клуб, Пенарол.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Форлан ја почна својата кариера во младинските категории на овој тим. Тој е голем фан на овој клуб, но сериозно кариерата ја започна во аргентински Индепенденс. Сепак, дресот на Пенарол остана негова голема желба која успеа да ја исполни во 2015. година кога потпиша за овој клуб.

Тогаш одигра 30 натпревари и постигна осум голови, но одлучи да се пресели во Индија и да заигра за Мумбаи. Иако година дена е надвор од фудбалот, сака повторно да се врати на теренот. Договор со Пенарол е пред потпис и веројатно поново ќе го гледаме на теренот.

Во својата богата кариера Форлан играше за Манчестер Јунајтед, Виљареал, Атлетико, Интер, Интернационал и Цезеро Осака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…