Дома Фудбал Останато Зидан се уште е во опасност – Се појави нов кандидат кој е вистинско изненадување!

Зидан се уште е во опасност – Се појави нов кандидат кој е вистинско изненадување!

Во пресрет на „Ел Класико“ во англиските медиуми се појави една интересна вест која сигурно многумина ќе изненади.

Иднината на Зинедин Зидан во Мадрид и понатаму е доведена во прашање, а сега според англиски „Тhe Sun“ главен кандидат за негов наследник е Антонио Конте.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Зидан со „кралевите“ стигна до две титули во низа во Лигата на шампионите, како и титула шампион на Шпанија, а неодмна со Реал го освои Светското клупско првенство.

Меѓутоа тој се наоѓа под голем притисок поради големата бодовна разлика во однос на Барселона оваа сезона и веројатно следниот кикс би можел да значи и отказ.

Според „Тhe Sun“, Перез веќе започнал преговори со Италијанецот кој подолго време не е во добри односи со управата на „сините“, па се очекува негово заминување најдоцна на крајот од сезоната.

the sun

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …