Дома Фудбал Модриќ максимално мотивиран пред „Ел Класико“: Ќе гинеме на терен!

Модриќ максимално мотивиран пред „Ел Класико“: Ќе гинеме на терен!

modric

Утре со почеток во 13:00 часот се игра едно од најголемите дербиња во светот, „Ел Класико“.

После 16 одиграни кола Реал Мадрид заостанува зад Барселона дури 11 бодови и „кралевите“ кои се наоѓаат на четвртото место немаат право на „кикс“ во овој натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На еден ден пред натпреварот за очекувањата за „Марка“ зборуваше фудбалерот од средината на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

„Марка“ го опиша Модриќ како еден од најважните фудбалери за Реал во последните неколку години.

„Ние сме спремни да го играме големото „Ел Класико“ бидејќи и понатаму нашата цел е иста, а тоа е да ги освоиме титулите во сите натпреварувања во кои се натпреваруваме. Во првенството сеуште сме живи и со сите сили ќе се обидеме да ја освоиме Ла Лига. Освен првенството уште многу има да се игра и во Лигата на шампионите и шпанскиот куп. Ќе гинеме на терен за да стигнеме до сите трофеи“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…